Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

izlozba sliki 206.11.2017  Само кога нешто сакаш е возможно да полеташ на крилјата на фантазијата и да стигнеш до толку различни области на човечката комуникација и битие.

Маријанa го сака плакатот и е јасна во секој нејзин плакат. Без разлика на тоа дали поставува прашање или изјавува позиција, таа успева да го закове вниманието на гледачот. Нејзините дела ја провоцираат нашата чувствителност и оставаат трајни траги во нашите мисли, вака накратко зборува за талентот на Маријана нејзиниот професор Георги Јанков, раководител на Катедрата за плакат и визуелна комуникација во Софија, кој во Виница ја отвори првата самостојна изложба на плакати на неговиот студент Маријана Иванова.

Изложбата на плакати опфаќа 50 плакати изработени за време на студиите во Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија, под менторство на проф. Георги Јанков и асистент Ненко Атанасов. Темите на делата опфатени во изложбата ,,IMposter‘‘ опфаќаат различни видови на плакати - социјални, културни, рекламни, јубилејни, со акцент на дипломската работа - 7 плакати инспирирани од делата на нобеловецот Херман Хесе. “

- Повеќето од овие плакати се изложувани во Турција, Иран, Велика Британија, во Бугарија, оваавечер е важна затоа што паралелно земам учество на интернационална изложба во Детроит во Мичиген. Слободно можам да кажам дека ова беше една од моите најплодотворни години, го заокружувам мојот успех со прва самостојна изложба во мојот роден град.“, рече Маријана Иванова, автор на изложбата.

Маријана Иванова која во моментот е на магистерски студии- отсек Плакат во Бугарија, зад себе има учество на 35 групни изложби, а изложбата во Виница е во рамките на Манифестацијата „Нов културен бран 2017".

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 114 гости и нема членови


web counter



qr code