Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

prescistitlena stanica sredba07.11.2017  Со цел да го запознаат со проектите што ги реализираат на локално и на регионално ниво, претставници на Амбасадата на Швајцарија се сретнаа со новоизбраниот градоначалник на Општина Кочани, Николчо Илијев.

На средбата биле разменети информации за проектната организација, како и за функционирањето на Проектот за третман на отпадните води и на неговите компоненти, што во моментит е еден од најголемите во Македонија што го финансира Швајцарија.

Претставниците на Амбасадата разговарале и за утврдувањето на новите тарифи за водни услуги, барање поднесено од КЈП „Водовод“ коешто се наоѓа пред Регулаторната комисија за енергетика.

Според градоначалникот и најмалата промена на цената на водните услуги негативно ќе влијае на расположението на потрошувачите. Илијев истакнал и дека изградбата на Пречистителната станица е проект на идните генерации, но тешко е на луѓето да им се зборува за иднината кога имаат лоша сегашност. Сепак, за доброто на идните генерации тој ја нагласил целосната поддршка во реализацијата и се заблагодарил за капиталниот проект поддржан од народот на Швајцарија.

Според претстaвникот на Швајцарската амбасада, Клиф Хамер, цел на средбата била да се претстави проектот за пречистителна станица на отпадни води и да се договорат следните чекори во нејзината изградба, при што најави дека на 24 овој месец ќе се одржи состанок на Управниот комитет на проектот.

- Многу сум задоволен што се сретнавме со човек што е многу мотивиран да ги подобри условите за живот на сите граѓани на Кочани, а токму една таква инспиративна личност е потребна за да реализираме еден ваков проект. На состаноците на Управниот комитет присуствуваат сите вклучени страни во реализацијата и разговараат за прогресот на самиот проект. Конкретно ќе бидат присутни претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, од Амбасадата на Швајцарија во РМ, од Општина Кочани, КЈП „Водовод“ и консултантите, рече Клиф Хамер, регионален советник за инфраструктура и животна средина во Амбасадата на Швајцарија.

Градоначалникот Илијев и гостите од Амбасадата на Швајцарија ја посетиле локацијата во Мојанци каде Пречистителната станица е во градежна фаза, а се гради и главниот колектор којшто ќе ја одведе отпадната вода од градот до станицата. Оценето е дека ако работите се одвиваат според планот, до крајот на 2018 година објектот треба да биде пуштен во работа.

Средбата со претставниците на Амбасадата на Швајцарија, градоначалникот Илијев ја искористил да разговара и за идните можни проекти, развојот на Пониква како ски-центар и за искористувањето на геотермалните води за бањски центар.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 128 гости и нема членови


web counter



qr code