Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradonacalnik sredba osogovo07.11.2017  По сознанијата за непријатните состојби во ФК „Осогово“ и настаните на стадионот, а за смирување на страстите и изнаоѓање решение, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев со тим од Општината и Советот на Општината побарал средба на која беа отворени сите прашања поврзани со актуелните состојби и работата на Клубот.

Едно од главните било финансиското прашање, при што се разгледани ингеренциите што ги има Општината во финансирањето на спортот.

По разговорот со раководството, а со цел да ја слушне и другата страна, Илијев побарал средба и со претставници од Ад хок телото.

Впечетокот е дека станува збор за две различни, крајно спротивставени гледања на работењето на Клубот, а по инститирање на градоначалникот Илијев е побарано компромисно решение за да може фудбалскиот клуб да продолжи да функционира.

Состанокот завршил со предлог Ад хок телото да делегира еден член во Управата, со цел да се овозможи функционирање на „Осогово“ до крајно решение. Се очекува оваа иницијатива да биде разгледана и предлогот да биде прифатен.

Инаку, состојбите во клубот се влошија по поразот на натпреварот со “Тиквеш“ што се играше во Кочани, по што Управниот одбор и стручниот штаб со писмено соопштение ја информираа јавноста дека се повлекуваат од работењето и обврските. 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code