Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo izvestuvanje107.11.2017  Членовите на актуелниот управен одбор на ГФК “Осогово“ со писмено известување ја информирaа јавноста во општината дека заедно со стручниот штаб остануваат на оставката на функциите што веќе ја доставиле како неотповиклива.

Во дописот стои дека тие не прифаќаат формирање заедничко управно тело на клубот.

Истовремено од Управниот одбор велат дека на претставникот на навивачката група “Сејмени“, Венко Крстевски и на ад-хок телото му предложиле да достават записник со девет членови, заедно со нивните матични броеви и потпис, по што тие ќе можат да го преземат фудбалскиот клуб.

Во писмениот допис, потпишан од претседателот на Управниот одбор, Бранко Богатинов, побарано е да се достави програма и цели за понатамошно работење на “Осогово“. Доколку бидат исполнети овие барања, сегашниот Управен одбор ја презема обврската да ги направи промените во Централниот регистар, со што клубот ќе добие ново раководство.

Во очекување на одговор од повиканата страна, Канал 8 ќе ја следи разврската на ситуацијата, во надеж дека ќе се изнајде решение за проблемите со кои се соочува еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 113 гости и нема членови


web counter



qr code