Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

mitrovden ZRNOVCI07.11.2017  Со свечена седница и доделување благодарници беше одбележан празникот на Општина Зрновци, „Св.Димитриј“.

Градоначалникот Блаже Станков на свечената седница по повод празникот истакна дека е убеден дека граѓаните на општина Зрновци ќе бидат задоволни од заедничката работа со советниците.

- Јас секогаш од советниците барав партнерство за работа и истото ќе го направам и во овој мандат. Тоа ќе успее само доколку опптината се доживува како заедничка сегашност и индина. На тој пат мора да бидеме единствени, делбите и нетрпеливоста се крајно непродуктивни и не ни носат ништо добро.

Низ целата македонска историја нашата црква е столбот на кој се потпираме, така било така е денес, така и ќе биде, рече во својот говор Блаже Станков, градоначалник на Oпштина Зрновци.

По повод празникот, на најуспешните ученици добитници на награди и признанија на дрѓани и меѓународни натпревари од ОУ„Синиша Стоилов“ им беа доделени благодарници, а исто така благодарници добија и успешни работници од областа на културата и спортот во Зрновци.

Советниците и градоначалникот Станков по повод празникот положија цвеќе наспоменикотна „Св. Димитриј“ во паркот на Зрновци. Во склоп на одбележувањето утревечер, на 8 ноември во домот на културата во Зрновци во 18 часот ќе се одржи културно – уметничка програма со настап на Даниела Темелковска.

Т. Велкова 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 131 гости и нема членови


web counter



qr code