Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

telesni INVALIDI07.11.2017  Телесните инвалиди во општеството освен со дискриминацијата за наоѓање работа и вработување, се соочуваат со низа проблеми кои што не можат да ги решат и кои што на некој начин им оневозможуваат нормално фунционирање во средината во која што се наоѓаат.

Имено, телесните инвалиди за да го остварат  правото на добивање туѓа нега или постојана  парична помош  секоја  година се подложни  на комисија да се утврди дали се инвалиди или не.

Одговорните од Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ од Кочани велат дека тоа е постојан стрес за таквите луѓе бидејќи е дополнителна обврска и бараат од одговорните на централно ниво да им се олесни и така тешкиот живот на овие луѓе.

- Сакаме да се олесни начинот на кој  нашите членови треба да ги остварат своите права во однос на добивање туѓа нега и постојана парична помош и мобилност. Сега во овој момент тоа е многу комплицирано. Нашите членови секоја година се подложни поново на комисија. Пример, човек со ампутирана рака или нога треба секоја година да докажува дека е инвалид и нема одреден екстремитет. Тоа е треба да се поедностави и ако е таа дијагноза еднаш констатирана треба да биде засекогаш, а не човекот да се изложува непотребно на постојани комисии за да добие парична помош, рече Горан Војновски, претседател на „Мобилност“ - Кочани.

Инаку, според резулатите што ги постигнуваат кочанските  телесни инвалиди се едни од најдобрите во државата со први места во повеќе дисциплини. Затоа бараат помош и финансиска поддршка од новата локална власт.

- „Мобилност“ Кочани е едно од најдобрите здруженија во државата во однос на резултатите кои што ги постигнуваат нашите членови на државните натпревари. Имаме први места во атлетика, пинг понг, стрелање, шах, табла а се јавуваме и како организатори на трибини на најосетливи теми. Затоа бараме и поддршка од локалната власт и финансиска помош во реалиизрањето на активностите со цел постигнување уште поголеми успеси, додаде Војновски.

Освен со оваа обврска за влечење по комисии и докажување на инвалидитетот, телесните инвалиди имаат потешкоти и околу  која штоначинот до доаѓање до потребните  ортопедски помагала, како и најголемиот проблем вработувањето при што одедени фирми знаат и да ги искористат.  Инаку, здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ од Кочани брои околу 350 членови, но таа бројка не е дефинитивна бидејќи многу луѓе со телесен инвалидитет не сакаат да  членуваат во здружението и не сакаат јавно да се експонираат.

Т. Велкова
 
 
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code