Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica konstitutivna cesinovo oblesevo08.11.2017  Недоразбирањата во Советот на Општина Чешиново-Облешево започнаа уште на одржувањето на конститутивната седница.

Набргу по нејзиното започнување, таа била прекината, а дел од советниците си заминале, па на состанокот можеше да се забележи присутвото само на шестмина од нив.
 
Според поранешната претседателка на Советот, Тина Петрова, согласно Деловникот за работа и Статутот на Општината, таа ја отворила седницата, а потоа раководењето му го препуштила на најстариот советник Игор Нисов. Била избрана верификациона комисија која ги потврдила мандатите на сите советници.
 
Според Петрова, работата застанала при предлагањето кандидат за нов претседател на Советот.

- По предлог на СДСМ беше предложен Игор Нисов, а од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ беше предложен Васе Анакиев. Петте членови од СДСМ по меѓусебна изрежирана караница ја напуштија седницата со изговор дека немало атмосфера за работа, но останатите шест советници продолжија со работа, а администрацијата по налог на градоначaлникот, беше изземена од работата на Советот. На работата на останатите советници се избра претседател на Советот на Чешиново-Облешево, Васе Анакиев, со мнозинство, едногласно од сите останати шест членови, рече Тина Петрова, член на Советот на Општина Чешиново-Облешево

Петрова рече дека советниците кои останале на седницата ги формирале и ги изгласале комисиите на Советот, како и членови на Управните одбори.

Во меѓувреме, од Општина Чешиново-Облешево беше испратено писмено известување до медиумите во кое стои дека на конститутивната седница, на која присуствувале сите 11 советници, поради кавга за позиции и немање услови за работа, па Советот останал без кворум. Поради тоа, се вели во дописот, седницата се одложува за една недела.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 134 гости и нема членови


web counter



qr code