Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo plackovica08.11.2017  Ад-хок телото за решавање на проблемите во ФК “’Осогово“ го презема раководењето со клубот, откако досегашниот Управен одбор и комплетниот Стручен штаб си поднесоа оставки на функциите.

Притоа, назначен е нов стручен штаб во кој влегуваат Крсте Крстев како главен тренер со УЕФА А лиценца, Александар Андов како тренер на голманите со УЕФА Б лиценца, Дејан Манчовски како помошник на главниот тренер со УЕФА Ц лиценца и Стефанчо Цветанов како тренер на младите категории кој има УЕФА Б лиценца.

Според писменото известување објавено на фејсбук профилот на клубот, ад-хок телото нагласува дека негови цели ќе бидат ревизија на досегашната работа, консолидација на сениорскиот тим и реорганизација на младинските школи. Исто така, се најавува дека ќе биде изработен финансиски план за 2018 година, ќе се работи на привршување на полусезоната од првенството, а ќе се организира и годишно собрание, што не било направено повеќе од три години.

Новиот стручен штаб на ФК “Осогово“ веќе ги повика сите играчи да дојдат на договорен состанок и тренинг на стадионот „Никола Мантов“, како подготовка за претстојното гостување во Радовиш против “Плачковица“.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 134 гости и нема членови


web counter



qr code