Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ILARION zrnovci.jpg08.11.2017  Со вечерна богослужба наспроти празникот и со света Златоустова литургија на која чиноначалствуваше владиката Иларион и свештеници од Брегалничката епархија, беше одбележан големиот христијански празник посветен на Св. Димитриј Мироточив Солунски, кој што воедно е и храмова слава на истоимената црква и  празник на општината Зрновци.

Владиката Иларион зборувајки за Светиот Димитриј им го честиташе празникот на сите верници.

- Најнапред честит и вечен нека е празникот посветен на светиот великомаченик мироточивиот светиот Димитриј Солунски Чудотворец, на кој што е посветен овој храм, но не само што е посветен овој древен храм, туку Св. Димитриј покрај што е заштитник на градот Солун, тој е заштитник и на општината Зрновци. Ја користам оваа прилика да ја честитам славата на општината Зрновци посакувајќи свети Димитриј постојано да биде тука, постојано да ги заштитува и запазува луѓето кои што живеат во оваа општина да ги благословува и пази од секакви болести и неволји. Храмот е прекрасен и полека се до украсува со фрескоживописот, се надевам дека за брзо време ќе се заврши целосно фрескоживописот, ќе се направи подот и на овој православен храм ќе направиме едно преосветување, рече г. Иларион, митрополит брегалнички. 

Владиката Иларион ја искористи приликата да му заблагодари на градоначалникот Станков за досегашното залагање за изградбата на двете цркви во Мородвис и Видовиште, но и од името на целото свештенство му го честита мандатот и го  благослови и понатаму да работи чесно и мудро. И градоначалникот ги поздрави и им го честита празникот на сите верници.

-Јас пред се сакам на сите граѓани на општина Зрновци да им го честитам празникот и патронот во чест и слава на св. Димитриј Солунски. Им посакувам на сите многу здравје, долг живот и среќа во нивните домови, рече Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

По завршување на Литургијата беше пресечен и славскиот колач, а оние кои што имаа куќна слава или го слават својот именден подигаа  панагии за здравје и бараа молитвено  застапништво од светиот чудотворец Димитриј Солунски. Одбележувањето на празникот на општината продолжи со културно-уметничка програма на која настапи Даниела Темелковска.

Т. Велкова 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 131 гости и нема членови


web counter



qr code