Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gimnazija tribina govor09.11.2017  Трибина за млади на тема „Говор на почитување наспроти говор на омраза“ се одржа во СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани.

Оваа трибина е трета по ред од циклусот на трибини кои треба да се одржат во 12 града во Македонија. На трибината зедоа учество 52 млади лица од средните училишта во Кочани и Виница, како и активисти од Црвен Крст во Кочани и Виница.

На трибината младите беа запознаени со Младинската капања „Стоп омраза - сподели почит“ која ја спроведува Гешталт центарот „Младен Костиќ“ - Аспекти од Скопје во соработка со Црвен Крст, младински совети и други невладини организации, а финансирана од страна на Цивика мобилитас.

- Целта на оваа кампања е да се зголеми свесноста дека говорорт на омраза дискриминира, раздвојува и е основа за јавување на одредена социјална криза, наспроти тоа говорот на почитување е говор кој што ги промовира хуманите вредности на личноста, говор кој што овозможува развој и кој што ни дава ментално и физичко здравје на личноста. Она што е значајно е тоа што со оваа кампања сакаме да промовираме хумани вредности и сакаме да ја зголемиме свесноста кај младите дека позитивните вредности се основа за развој не само   на една индивидуа туку основа за развој и на едно здраво општество, рече   Радмила Манчевска, од “Аспекти Исток“.

На трибината младите имаа можност да дискутираат за користењето и последиците на говорот на омраза, за неговото негативно влијание не само врз младите, туку и врз целокупното општествено живеење. Меѓу другото дискутираа и за позитивното влијание на говорот на почитување, за неговото влијание врз младата личноста, како и за начинот на изразување.

Свесни дека се наоѓаат во време во кое владее криза на вредносниот систем и со проблеми поврзани со говор на омраза и непочитување со кои секојдневно се соочуваат, сепак младите покажа спремност да се вклучат во активностите на оваа Младинска кампања и да бидат активни градители на позитивните вредности во средината во која живеат.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 142 гости и нема членови


web counter



qr code