Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstina kocani  zgrada2309.11.2017  Општина Кочани ќе организира јавна трибина со граѓаните за да ги слушне нивните мислења и предлози околу планирањето на буџетските средства што треба да се одделат за спортски активности во 2018 година.

Веќе е упатен повик за учество до сите заинтересирани спортски клубови, здруженија и поединци, од кои се очекува да кажат како најдобро да се распоредат парите за да се постигнат подобри ефекти од поддршката што ја обезбедува Локалната самоуправа.

На трибината ќе се разгледува предлогот за утврдување критериуми за распределба на средствата од Програмата за спорт на Општина Кочани за 2018 година, а ќе се образложат и приоритетите во оваа област.

Потоа се очекува дискусија со присутните за финансирање на спортот во наредниот 12-месечен период.

Јавната расправа е од отворен тип и на неа може да присуствува секој граѓанин на Кочани што сака да земе непосредно учество во одлучувањето за работи од јавен интерес од локално значење и во надлежност на општината. Трибината е закажана за втроник со почеток од 18,30 ч, во салата на Советот на Општина Кочани.

Според Законот за локална самоуправа и надлежностите што ги имаОпштината, таа треба да обезбеди услови за развој на рекреативниот и масовниот спорт, да организира и да помага спортски пригодни активности и манифестации од значење за локалната самоуправа и да ги одржува спортските сали, терени и рекреативни игралишта.

Инаку, Според усвоениот буџет за минатата година во расходната ставка за спорт и рекреација беше предвидено е да се потрошат 1 милион и 850 илјади денари што практично е на исто ниво како и една година пред тоа. Вообичаено, две третини од парите се наменети за субвенции и трансфери кон спортските здруженија, а остатокот за одржување на терените за спорт и рекреација.

 
T. Aјтовски
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 143 гости и нема членови


web counter



qr code