Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

poseta minister spasovski10.11.2017  Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев оствари средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Притоа се разговараше за актуелни теми за јавната безбедност и решавањето на сообраќајните проблеми.

Според министерот, со престојот во Кочани тој започнува серија посети на секторите и полициските станици во Македонија, оценувајќи дека е неопходна соработка со единиците на локална самоуправа, за заеднички да учествуваат во подобрувањето на јавната безбедност.

- Да започнеме една добра анализа и во тој дел да ги подобруваме сообраќајните можности во градовите, тоа да го овозможат градоначалниците, а ние како Министерство за внатрешни работи да им помогнеме во овој дел, бидејќи секаде во Република Македонија сообраќајот е како клучен проблем. Вториот елемент е многу важен, таа соработка што ја имаме меѓу локалната самоуправа и секторите за внатрешни работи на македонската полиција, односно близината на граѓаните до полицијата за нас е многу важна, бидејќи ако сакаме да имаме безбедни градови, безбедни населени места, безбедна Македонија, ние мораме да бидеме партнери со граѓаните, не можеме да функционираме поинаку, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Спасовски најави дека ќе се возобнови позорникарската служба во рамки на полициските станици.

- Веќе го највивме проектот за маалски полицаец или враќање на позорникарите на улица. Секторот за внатрешни работи има полициски службеници, доволна потполнетост на полициските станици и денеска им дадов задача на началникот, на неговите соработници да започнат со подготовка за реонизирање на градовите и воведување на позорната служба, додаде Спасовски.

Градоначалникот Илијев, претставувајќи ги принципите на законито и транспарентно работење во Општината, истакна дел од потребите и проблемите на Општината и во секојдневното живеење. Тој ја нагласи потребата од поддршка од државниот буџет за побрзо надминување на сегашните состојби. Посебен акцент стави на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Спасовски најави стручна поддршка од Министерството во изработка на сообраќајна студија, по што ќе може да се имплементираат сообраќајни измени што ќе ја подобрат состојбата во сообраќајот.

T. Aјтовски

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 141 гости и нема членови


web counter



qr code