Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

IZLOZBA-simplex210.11.2017  Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани беше отворена првата самостојна изложба на ликовниот уметник Марија Мицова Гацова од Кочани, која се претстави со 20 дела работени во масло на платно.

Марија Мицова Гацова ѝ припаѓа на помладата генерација македонски ликовни уметници, школувана на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Опсесија ѝ е дивиот- неурбанизиран пејзаж. Ја фасцинира недопрениот простор, поконкретно едноставниот пејзаж Simplex во примарната форма. Творечкиот потенцијал го насочува кон негова интерпретација.

 

Реакцијата на субјективната возбуда во допирот со природата ја изразува преку невербална комуникација, гестуално, преку рационализација на линијата доведена до совршена чистота. Сликите ги интерпретира на апстрактен, непредметен јазик.

 

- Мојата интенција беше да го прикажам малото, скромното и дека е исто толку значајно колку и големиот декор. Мојата инспирација се гледа, таа е присутна насекаде околу нас, тоа е едноставниот пејзаж. Притоа не ја прикажувам просторноста што е карактеристична за пејзажот, туку визуелната игра на мултиплицираната аморфна линија ја испитувам границата меѓу гестуалното и рационалното, рече Марија Мицова Гацова, автор на изложбата.

Изложбата е дел од програмата на Центарот за култура за оваа година во делот на Ликовно-галериската дејност.

-Вечерва се отвора изложбата на Марија Мицова Гацова која што е наш роднокраен автор. НУЦК „Бели мугри“ ќе продолжи да ги стимулира уметниците со тоа што ова е прва самостојна изложба на Гацова која што храбро настапи да создаде 20 дела кои што говорат една голема порака во нејзиното творештво, рече м-р Александра Димитрова, в.д директор на ЦК „Бели Мугри“ .

Ликовниот уметник Марија Мицова Гацова дипломирала во 2001 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професор Рубенс Корубин. Добитник е на наградата „Ѓорги Зографски“, член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Ова е нејзина прва самостојна изложба а учествувала со свои дела на повеке групни изложби.Изложбата ке биде отворена до крајот на месец ноември и истата се реализира со финансиска помош на Министерството за култура.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 142 гости и нема членови


web counter



qr code