Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stari potok rabotilnica10.11.2017  Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ – Кочани ја одржа Детската поетска работилници „Каде е таткото во поезијата?“.

На работилницата зедоа учество ученици од основните училишта од општината,членови на Литературните секции, а во текот на работниот процес ги придружуваше и писателот за деца Киро Донев. Активноста е со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, преку “Нов културен бран“.

- Целта на оваа поетска работилница е пред се да се запознаат децата со поезијата за деца и за млади и да се стави акцент на мотивот за таткото во поезијата. Бидејќи знаеме најчесто мотив во песните е мајката, природата, татковината а многу ретко се среќаваат песни каде што основен мотив е таткото во поезијата. За тоа пак како настанува една детска песна го поканивме нашиот познат писател за деца и млади Киро Донев кој што ќе им објасни за таа тема и ќе им се претстави на учениицте, рече Љупка Стојменова, претседател на Здружението за култура и наука „Стари поток“.

Работилницата беше составена од неколку делови. Најпрво присутните преку краток вовед се запознаа со поезијата за деца во Република Македонија а беше претставено и творештвото на писателот Киро Донев, кој оваа година одбележува јубилеј - 50 години творештво.

-Денеска ја имам честа да другарувам со моите млади пријатели од Кочани, град кој што има традиција за негување на сите уметности, посебно за литературата. Овде јас сум чест гостин затоа се чувствувам како да сум дома. Имам многу читатели а поводот е одбележување на мојот јубилеј - 50 години од моето творештво и 75 години од животот, рече Киро Донев, писател за деца.

Писателот за деца Киро Донев пред присутните зборуваше и на тема: „Што треба да содржи една детска песна и на што треба да се обрне внимание?“ Во рамките на третиот дел се одржа трибина на тема: „Каде е таткото во поезијата?“. На крајот од средбата учениците членови на литературните секции од кочанските основни училишта читаа песни претходно напишани на тема „Татко“.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 143 гости и нема членови


web counter



qr code