Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

POZARNA vezba13.11.2017  Спасување загрозени лица во тешка сообраќајна незгода на мост, гасење пожар и извлекување давеници е активноста што во организација на Министерството за внатрешни работи на Македонија, во соработка со Полициската станица Кочани и општинската Територијална противпожарна единица се одржа на мостот во центарот на Кочани.

Станува збор за показно тактичка вежба за спасување на настрадани лица по тешка сообраќајна несреќа со цел да се види подготвеноста на пожарникарите во случај на извлекување на лица пригмечени со возило.

Вежбата ја следеа голем број граѓани, а во неа учествуваа пожарникари од Територијалните противпожарни единици на Кочани и Виница, Здравствен дом Кочани и од Министерството за внатрешни работи, крим-техника и воздухоловните сили.

Во рамки на вежбата се одржа и третиот стручен собир на пожарникарите од Македонија на кој учествуваа пожарникари од Кочани, Виница, Берово, Пехчево, Штип, Куманово, Македонски брод, Крива Паланка и Скопје. Од името на градоначалникот на Кочани Николчо Илијев, стручниот собир за отворен го прогласи Благој Ситновски, член на Советот на општина Кочани.

- ТППЕ - Кочани има исклучително значење во општествениот систем. Пред да го прогласам третиот стручен собир сакам да искажам особено пофални зборови за сите учесници и за добрата координација на сите служби за брза интервенција во тактичко показната вежба што ја имавме денеска. Особено сакам посебно да ги поздравам сите гости од земјава и странство од Словенија, Хрватска и Србија и да им посакам успешна работа, рече Благој Ситновски, член на Советот на општина Кочани.

Од оваа година ваквите предавања добија посебен меѓународен карактер со стручни предавања од експерти од странство, рекоа организаторите од МВР кои што ја истакнаа и подготвеноста на пожарникарите при тешки сообраќајќи.

- Нашата констатација е дека има потреба од постојано учење и континуирано следење на сите нови технички решенија и токму ние тоа на наш својствен начин го практикуваме и затоа сме тука да ги следиме тие работи. Јас сум сигурен дека нашите луѓе се храбри и смели и со обнаа опрема со која што располагаат го даваат својот максимум и знам дека им е потребна континуирана набавка на нова опрема, одржување на постоечката и континуирани обуки за надоградување, рече Зоран Нешкоски, главен инспектор за противпожарна заштита во МВР.

- Со еден заеднички континуитет во работењето и со една заедничка соработка на сите институции се надевам дека успеавме вежбата добро да ја презентираме пред граѓаните на Кочани за да видиме колку сме подготвени за интервенции во вакви ситуации, рече Дејанчо Арсов, командир на ТППЕ - Кочани.

Беа презентирани стручни предавања на актуелни теми а предавачи беа експерти од оваа област од Македонија, Србија, Хрватска и Словенија.

- Ваквите предавања се важни и за нас во Србија а уште повеќе и за Македонија бидејќи преку нив можеме да покажаме како работиме ние во тешки случаи на сообраќајни незгоди и да го пренесеме меѓународното искуство кое е од исклучително значење за секоја Територијална противпожарна единица. Јас преку моето предавање ќе го пренесам искуството при такви ситуации од пожарникарите од Москва, бидејќи извесно време работев во Русија, рече Мирко Илиќ, командир на ТППЕ - Нови Сад, Србија.

-Имаме предавање на тема „Извлекување на повредени лица од сообраќајна несреќа во тунел“. Сметам дека ваквите предавања се од особено значење за сите противпожарни единици бидејќи се идеални за размена на искуства и мислења и ние колегите пожарникари меѓу себе со укажуваме на моменти кои ни се случиле и како сме се снаоѓаме во тешки и непредвидени ситуации, рече Младен Шчулац, командир на ТППЕ - Жупанија, Хрватска.

-Моето излагање на ова предавање е на тема „Сигурност и заштита на болниците и здравствените установи од пожари“. Јас работев на таа област за заштита од пожари во Европа и Азија, така што на ова предавање преку темата која што ја споменав ќе можам да им го објаснам и пренесам искуството на квалитетот на заштита од пожари во тие земји и истото да почне да се применува во Македонија и соседните држави, рече Примож Штраус, командир на ТППЕ - Крањ, Словенија.

Средбата на пожарникарите заврши со посета на културно историски објекти во Кочани и со традиционална пожарникарска вечер во ресторан Амор.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 142 гости и нема членови


web counter



qr code