Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstina kocani tabla13.11.2017  Општина Кочани во текот на оваа недела ќе организира уште една јавна трибина со граѓаните за да ги слушне нивните мислења околу планирањето на парите од Буџетот што треба да се одделат за активности од областа на културата во 2018 година.

Веќе е упатен повик за учество до сите заинтересирани здруженија, институции од културата и сите уметници и поединци кои можат да дадат придонес во ефикасното распределување на средствата со кои би се постигнале подобри резултати.

Јавната расправа е од отворен тип и на неа може да присуствува секој граѓанин на Кочани што сака да земе непосредно учество во одлучувањето за работи од јавен интерес од локално значење и во надлежност на Општината. Трибината е закажана за в четврток, 16. ноември, со почеток од 18 ч, во салата на Советот на Општина Кочани.

Како што претходно информиравме, неделава ќе се одржи уште една трибина, на која ќе се разгледува распределбата на парите од општинскиот буџет наменети за спорт. На оваа јавна расправа исто така можат да учествуваат сите спортски здруженија, спортски работници и поединци граѓани кои сакаат да дадат придонес во планирањето на буџетските расходи. Трибината ќе се одржи во Вторник, од 18,30 ч., исто така во салата на Советот на Општината.

Со одржувањето на јавните расправи и вклучувањето на граѓаните, Локалната самоуправа на Кочани ја подобрува транспарентноста и овозможува подобар увид во планската распределба на парите што се собираат во општинската каса.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 144 гости и нема членови


web counter



qr code