Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ZELENO ZNAME malina13.11.2017  ОУ „Малина Попиванова“ по трет пат се стекна со признанието „Зелено знаме“, кое го доделува светската организација „ОХО“, поддржана од Швајцарската амбасада.

Со добивање зелено знаме и оваа образовна институција по трет пат го доби епитетот „Еко училиште“. Целта на проектот е заштита на животната средина и нејзина интеграција во воспитно – образовниот процес и подигање на свеста на учениците, наставниците и техничкиот персонал за заштита на животната средина, а се овозможува теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот.

Знамето и официјално му беше доделено на училиштето на седмиот „Еко самит“ што се одржа во Скопје.

- Со добивањето на статус на зелено знаме како највисоко признание меѓународен сертификат, нашето училиште уште еднаш докажа дека е училиште кое што води грижа за животната средина, води еко политика и ги почитува и спроведува еко стандардите од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем. Оваа награда за нас има посебно значење особено во време кога постојано се зборува за екологијата и загадувањето на животната средина. Најмладите испраќаат порака на возрасните на кој начин се грижат и можат да дадат свој придонес за зачувување на планетата Земја како наш единствен дом на живеење. Главна придобивка од ова е вклучувањето во светската мрежа на еко училишта, аплицирањето на проекти, вклучување во национални и меѓународни натпревари како и финансиска поддршка од невладината „ОХО“. Оваа година нашето училиште се вклучи во „Твининг“ проектот кој го организира Федерацијата за еколошка едукација и има можност да соработува со еко училиште од Словенија со кое во текот на оваа учебна година ќе организираме заеднички еко-активности, кампањи и слично, рече Здравка Охомуш, координатор на проектот.

Со оглед на тоа што ова е највисока награда од проектот јасно покажува дека училиштето во изминатиот период посветено работело во делот на еколошката едукација од типот на спроведување кампањи, акции и проекти во кои учествуваа сите наставници, родители, ученици и претставници од работни организации, како и поддршка од медиумите.

ОУ „Малина Попиванова ќе продолжи со реалиизрање на активностите од оваа програма а со ѕоа ќе се работи на креирање на нови генерации кои што ќе се грижат за животната средина, односно ќе ги прифатат стандардите и принципите на современото урбано живеење во која одговорноста ја има секој поединец, додаде Охомуш.

Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ се спроведува задолжително во сите основни и средни училишта и градинки и во сите приватни училишта и ученички домови.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 144 гости и нема членови


web counter



qr code