Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

presmetka-budzet114.11.2017  Намалени приходи во буџетската сметка на Општина Кочани има по неколки основи, поради што пред Советот ќе се најде предлог за ребаланс на финансискиот план за тековната година.

Комисијата за финансии и буџет, која веќе го разгледувала предлогот, дала едногласна поддршка за измените и дополнувањето на буџетските ставки. Според финансиските показатели, полнењето на приоходната страна во првите три квартали од годината е помало за околу 40 отсто, поради што за толку се предлага да се скратат и трошоците.

Ваквиот сооднос покажува дека минатата година планирањата биле поголеми од реалните, но според градоначалникот Илијев тоа нема негативно да се одрази на буџетот за 2018 година, што веќе започнал да се подготвува.

- Ќе се потрудиме да составиме буџет кој ќе биде оптимистички и дека нема база да ни биде ова извршување на буџетот за планот за следната година. Напротив, ќе го направиме амбициозно заради тоа што имаме намера да правиме проекти. Покрај основниот буџет, кој веќе го знаете каков е, ако оставиме само на буџетот, веројатно овој мој мандат нема да биде доволен да ги покриеме обврските што ги имаме. Значи, реков дека нема место за паника и за очајување, напротив, буџетот ќе се прави во рамките и според потребите на граѓаните и според можностите, меѓутоа прилично оптимистички, бидејќи се надеваме или очекуваме поддршка и од другите институции, се со цел проектите што ги очекуваат граѓаните барем донекаде да бидат исполнети, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Оптимистичките предвидувања на градоначалникот се дека и догодина не треба да има отстапување од очекуваните близу 8,5 милиони евра колку што во последните неколку години се ставаа на приходната страна на општинскиот Буџет.

Инаку, за ребалансот на финансискиот план за тековната година ќе расправа Советот на Општината на седницата што е закажана за в среда.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 101 гости и нема членови


web counter



qr code