Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

denari packi15.11.2017  Наместо планираните 20 милиони денари од продажба на државно градежно земјиште, годинава Општина Кочани остварила само 1 милион, со што приходната страна на основниот Буџет по овој основ е на најниско ниво досега.

Освен тоа, има потфрлања и кај трансферите од централната власт, пред се за дотациите за училиштата, каде наместо 30 милиони, добиени се 16 милиони денари, па процентот на наплата на приходите, односно на извршување на буџетот е околу 60-тина проценти.

Такви се констатациите искажани на првата работна седница на новиот состав на Советот на Општината, со образложение за причините што довеле до потфрлање во реализацијата на Буџетот.

- Оваа, 2017 година беше година што направи голем проблем во буџетот на Општина Кочани, токму во она што се случуваше како политичка криза и изборите што се одржаа. Сите знаете дека првично требаше да се одржат локални избори во месец мај, меѓутоа не се одржаа, па во јуни, и на крајот овие по втор пат продолжени избори се одржаа, еве, во октомври, и мислам дека главната причина за овој извештај за извршување на Буџетот е токму она што беше кажано, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

- Дел од причините се објективни, а тоа се изборите, меѓутоа дел од причините се и субјективни или лошо раководење со Општината до сега, така што ако направиме структурална анализа на целиот Буџет, на крајот од завршната сметка ќе се сведеме на тоа дека најголем дел од трошоците ќе бидат непродуктивни или пред се трошоци поврзани со општинската администрација, за плати, копирање и други договорни услуги и така натаму, за сметка на капиталните инвестиции, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

На седницата беше истакнато дека општинската администрација треба да бара државата да си ги подмири обврските за блок дотациите кон училиштата.

- Мора сериозно да се реагира до централната власт, тие блок дотации да бидат реални според потребите што ги имаат општините, а во конкретниот случај тоа се училиштата. Инаку, јас не знам како ќе функционираат тие. И нормално, тие блок-дотации што ќе ги бара Општината да бидат врз основа на реалните потреби што се јавуваат во училиштата. рече Благој Ситновски, член на Советот на Општина Кочани.

Поради намалените приходи во однос на планираните во Буџетот, пред советниците се најде предлогот за измена, односно ребаланс на финансискиот документ.

- Вкупното намалување на основниот буџет е околу 35 милиони денари, што е околу 16 проценти од основниот буџет. Вкупниот буџет, што се состои од основен буџет, самофинансирање, донации, дотации и кредити се намалува за 42 милиони и 600 илјади денари, односно 8 проценти од вкупниот планиран буџет. Овие 35 милиони денари што ги вршиме намалување, односно 16 проценти во основниот буџет се врши во секоја програма, освен во програмата за спорт, рече Дејан Рашков од Секторот за финансии на Општина Кочани.

По неколку дискусии од советниците околу предлогот за ребаланс на буџетот, тој едногласно беше изгласан.

Со оглед што најголеми проблеми има околу финансирањето на училиштата, беше предложен критериум за распределба на блок-дотациите што се добиваат од ресорното министерство на државно ниво. Според тоа, парите треба да се распределат порамномерно, одделно во основното и средното образование, откако претходно ќе се изземат средствата за плати, отпремнини, превоз и за греење.

- Остатокот од средствата кои што ќе биде, одделно во основно, одделно во средно образование ќе бидат со формула поделени помеѓу единките корисници, со тоа што 30 проценти од бројот на учениците ќе се смета за распределба на остатокот, а 70 проценти е од бројот на паралелките, рече рече Дејан Рашков од Секторот за финансии на Општина Кочани.

Поддршка за предложената формула за распределба на средствата на училиштата дојде од двете советнички групи.

- Ова е новина, не знам, во претходниот состав ние немавме ваква прилика. Добар предлог од Општината или, еве, од ревизијата слушнав дека било тоа причината да се најде начин за прераспределба на средствата. Интересно, значи од вкупно осум училишта, од кои две се средни и шест основни, ќе се проба, затоа и го поддржуваме, да се направи заштеда во самите училишта, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

- Апсолутно ги поддржуваме критериумите и сметаме дека за секоја работа во која има средства што треба да бидат распоредени, најдобро е да бидат поставени критериуми и секој да знае според тие критериуми колку ќе добие, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

На крајот од расправата, слично како и кај ребалансот на Буџетот, предложените критериуми за распределба на средствата за училиштата добија едногласна поддршка од Советот. Со тоа и официјално се отвора можност да започне примената на формулата за распределба на парите, а училиштата да можат да ги планираат приходите по тој основ.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 100 гости и нема членови


web counter



qr code