Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstina05.06.2013 Ниту еколошките друштва, организации на граѓани, ниту пак одговорните во Општината не покренаа иницијатива за одбележување на Светскиот ден на животната средина 5 јуни. Кочани одамна го изгуби епитетот најчист град во републиката.

На ниво на држава Светскиот ден на животната средина се одбележа под мотото „Мисли, јади, зачувај“.

Годинава, кампањата на Обединетите нации става акцент на трошењето на храната, намалувањето на отпадот од храна и намалување на негативниот притисок врз животната средина.

Кампањата цели на зголемување на свеста во земјите со животен стил каде има голема загуба на храна.

Исто така, една од целите е да се охрабрат луѓето да направат информиран избор за храната што ја јадат, како и да се намали севкупниот еколошки импакт што се должи на светското производство на храна.

Светскиот ден на животната средина се прославува секоја година на 5 јуни со цел да се зголеми глобалната свест за преземање на позитивни акции.

Т. Велкова

Сподели

 panoramski2luge3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 77 гости и нема членови


web counter



qr code