Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sudir kola avtobus oblesevo17.11.2017  Тотално е уништено патничкото возило “форд ескорт“ со винички регистерски ознаки откако директно се судрило со автобус, непосредно пред влезот на селото Облешево.

Во автомобилот имало четири патници и сите се здобиле со повреди, додека кај автобусот освен оштетувањата, нема повредени.

Сообраќајната несреќа се случи во четвртокот доцна попладнето, а остатоците од неа можеа да се видат и рано изутринава. Метални делови од искршените возила имаше покрај коловозот, откако претходно интервенирале и пожарникарите.

Според официјалната информација од полицискиот увид, сообраќајната несреќа се случила околу 17,45 часот на магистралниот пат А-3, Кочани-Штип, при што се судриле автобус со беровски регистарски ознаки што го управувал 61-годишниот С.Д. од Берово и автомобил „форд ескорт“управуван од 35-годишниот Д.Д. од Виница.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на “фордот“ кој е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Потешко повредени се и сопатниците во возилото, дете на возраст од 4 години од Виница и 41-годишниот Г.С. од Куманово, кои се пренесени во болницата во Штип. Во автомобилот била и 24-годишната Л.М. од селото Лаки, која се се здобила со телесни повреди и е пуштена на домашно лекување.

Од силината на ударот автомобилот бил тешко оштетен, па во извлекувањето на патниците била повикана и противпожарната единица од Кочани, која била принудена целосно да ја исече каросеријата. Автобусот, исто така има сериозни оштетувања од ударот, а за среќа не се превртел во блиската нива.

Инаку, овој дел од патот се смета за црна точка, а на истото место пред неколку години се случи слична сообраќајка меѓу автобус и камион, при што имаше и една жртва.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/13°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 100 гости и нема членови


web counter



qr code