Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

soobrakaj ulici17.11.2017  Дали еднонасочниот сообраќај во централното градско подрачје на Кочани ќе се укинува или ќе се менува, за сега останува непознато.

Новата локална власт вели дека не сака да носи брзи и непроверени одлуки и решенија за средување на сообраќајниот хаос. Сегашната состојба е оценета како проблематична и во поглед на паркирањето и во поглед на нормалното движење на возилата по соообраќајниците, па тоа мора да се подобрува.

На последната седница на Советот имаше и советничко прашање дали е започната некаква постапка за решавање на проблемите, на што градоначалникот Илијев одговори дека не треба да се прават привремeни и избрзани решенија.

- Не сакам да избрзаме и да дадеме некое погрешно решение кое по извесно време ќе го менуваме. Минатата недела имавме средба со министерот за внатрешни работи, каде ја отворивме темата за сообраќајниот режим и нив беше понудена помош од нивна стран, да изработат стратегија, студија, на кој начин најаедкватно ќе го решиме сообраќајниот хаос. За тоа навистина ќе ни треба време, таа тема е многу експлоатирана, граѓаните очекуваат решение, меѓутоа, мислам дека ад-хок и брзо решение нема да биде правилно. Замолувам за трпение, да работиме и тоа прашање ќе го поставиме овде и ќе дискутираме, ќе го експлоатираме толку долго колку што е потребно, да најдеме адекватно решение, за да го решиме овој горчлив проблем за сите граѓани, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Најголем број од реакциите на возачите се за долгите застои на крстосницата во близина на двојниот мостот кај Гимназијата. Тие особено се зголемија во средината на февруари годинава, откако еднонасочниот сообраќај беше проширен по целата должина на улиците “ВМРО“ и “Кеј на Револуцијата“, со што кружниот тек кај Полициската станица ја изгуби својата целосна функција.

Дополнително, и паркирањето по тротоарите и на другите јавни површини го дополнува хаосот, поради што ќе мора да се преиспита и функционалноста на паркинзите со наплата и да се размислува за изградба на катна гаража со цврста или монтажна изведба.

T. Ajтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/13°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 102 гости и нема членови


web counter



qr code