Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

andrej17.11.2017  Наташа Стојанова, мајка на две деца, ќерката мажена во Словенија, а синот Андреј е 23-годишно момче со посебни потреби, кој заради повредите кои ги добил при породувањето останал во количка.

Стојанова целиот свој живот комплетно го посветува на Андреј и заеднички со сопругот Зоранчо Стојанов се грижат за нивното дете со церебрална парализа кое не може да оди и поради тоа има специјални потреби и сам не може да функционира. Но, пресвртница во животот на Стојанова е прераната смрт на нејзиниот сопруг, татко на Андреј кога таа останува сосема сама со дете во таква специфична состојба.

Во најтешките моменти од својот живот утеха бара кај Бог и отците од Лесновскиот манастир, но во последниот месец и во лекарите од Русија кои по пресадување на матични клетки му гарантираат до некаде подобaр и поквалитетен живот.

- Дојдов до сознанија дека преку третмани со матични клетки занчително може да му се подобри квалитетот на животот на Андреј, затоа и контактирав со лекарите од Русија кои ми гарантираат 75% дека ќе му биде подбро со тој третман за кој што ни се потребни многу пари, а ние ги немаме. Затоа ги молам сите хумани граѓани да донираат бидејќи секој денар ни е добредојден, рече Наташа Стојанова, мајка на Андреј.

Децата со посебни потреби како Андреј со церебрална парализа се специфични и 24 часа бараат помош и грижа за нив. Не можат да зборуваат, ниту пак да ги извршуваат основните секојдневни физиолошки потреби. Ако се запостават можат освен физичкиот да имаат и ментален хендикеп. Во однос на зборувањето и размислувањето тоа не е случај со Андреј. Благодарение на упорноста и трудот кои мајката Наташа ги дава постојано, Андреј е паметно момче кое може да зборува, да чита, а се труди да истражува и во делот на медицината областите кои најмногу го засегаат неврологијата и ортопедијата. Најблагодарен е на лекарите, но посебно на неговата мајка Наташа која му помогнала да биде она што е сега.

Сега на потег се хуманите граѓани за да помогнат да може Андреј да ги собере парите за третманот со матични клетки во Русија за кој што првично се потребни 22 илјади евра а подоцна за другите третмани дополнителни средства. Хуманите граѓани можат да донираат на донаторската сметка во Тутунска банка и на телефонските броеви на ВИП и Т – Мобиле.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code