20.11.2017 Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, денеска донесе решение, со кое членот на Советот на Општина Кочани, Благој Ситновски ќе го заменува за време на спреченост или отсуство.
Решението е донесено врз основа на ченот 52, став 5 од Законот за локална самоуправа и е во согласност со првите три става на членот 29 од Статутот на Општина Кочани.
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Кочани“.
Таквата практика не е новина во досегашното работење на локалните самоуправи во Македонија, иако што се однесува до Општина Кочани не била применувана.
Се работи за практична потреба, со оглед што и во мандатите на досегашните градоначалници се случуваше поради службен пат во странство да нема кој во нивно име да потпише некаков документ или да ја претставува Локалната самоуправа. Најчесто во таков случај тоа го правеше Претседателот на Советот или секретарот на Општината.
Т. Ајтовски