20.11.2017 На почетокот од оваа работна недела, направени се кадровски промени на дел од раководните позиции во основните училишта во општина Виница.
На местото на досегашниот директор на ОУ “Славчо Стојменски“, Јордан Стојанов, со одлука на градоначалникот Ивица Димитров назначен е Горан Иванов, долгогодишен одделенски наставник во истото училиште. Инаку, оваа образовна институција Стојанов ја водеше во изминатите 8 години, а деновиве поднесе оставка на функцијата.
Во ОУ “Гоце Делчев“ директорското столче на досегашниот раководител Македончо Ѓорѓиев го презема Маре Јованова, наставник по македонски јазик во истото училиште. Таа веќе има искуство на раководна позиција со оглед што во периодот од 2005 до 2009 година имаше четиригодишен директорски мандат во ОУ “Кочо Рацин“ во Блатец.
Од Локалната самоуправа на Виница најавуваат дека во наредниоте денови се очекува градоначалникот Димитров да назначи нови директори и во останатите локални институции што се во надлежност на Општината.
Т. Ајтовски