X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kniga crkva kocani20.11.2017  Со вечерна богослужба на која чиноначалствуваше митрополитот брегалнички Иларион и со Света златоустова литургија беше одбележан значаен јубилеј - 100 години од изградбата и осветувањето на кочанската црква „Св. Вмч. Георгиј“.

По тој повод беше промовирана и книгата „Црквата Свети Великомаченик Георгиј – еден век постоење“ дело на авторките м-р Љубинка Ајтовска и Илинка Атанасова, чиј промотор беше м-р Александар Атанасов кој е и рецензент на делото.

Тој пред присутните истакна дека монографијата е преубава претстава за црквата „Св. Георгиј“ бидејќи научниот аналитичен дух на авторите испитал се, проучил и средил прекрасен текст во кој што меѓу другото зборува и за појавата и ширењето на христијанството во Брегалничкиот регион.

- Во трудот се опишува начинот на кој кочанци бараат дозвола за изградба на нова црква, и истовремено е презентиран и султанскиот ферман за добивање дозвола за градба на црквата. Таа е започната во 1910 година, а осветена во 1917 година. Црквата е изградена во централното градско подрачје со цел да биде достапна за сите луѓе да можат да присуствуваат на богослужбите, рече м-р Александар Атанасов, рецензент на книгата.

- Овој храм е гласен сведок за една историска доба. Сведок на многу убави но и на тажни моменти. Сведок на многу духовни издигнувања, подвизи, на многу дадени завети пред Бога, место на многу нови брачни почетоци, на многу нови дечиња кои преку крштението станале членови на православната црква, рече отец Станчо Ристов, протаставрофор.

- Ми причинува посебна чест и задоволство што можам да ви го честитам големиот јубилеј, 100 годишнината од постоењето на храмот „Св. Вмч. Георгиј“ и 50 годишнината од автокефалноста на МПЦ. Како општина го искористивме овој двоен јубилеј да оставиме во наследство на идните генерации дело кое претставува кратка историја на храмот, рече Николчо Илијев, градоначалник на општина Кочани.

Пред присутните зборуваа и авторките на делото м-р Љубинка Ајтовска и Илинка Атанасова.

- Ги сметам за посебно почестени генерациите што можат да бидат сведоци на големи јубилеи како што се овие, кога се одбележуваат 100 години од постоењето на храмот „Св. Вмч. Георгиј“ и 50 години од автокефалноста на МПЦ. Ние ја имавме таа среќа да се радуваме на овие два повода кои лично но и институционално како општина, ги сфативме како мотив, да дадеме придонес во историјата на Кочани и на црквата. Публикацијата сеработеше во времето на двајца градоначалници. Ја започнавме со претходниот градоначалник Ратко Димитровски, а ја завршивме со актуелниот Николчо Илијев, што ја покажува обостраната поддршка на издаваштвото и на важноста на печатената локална историографија, рече м-р Љубинка Ајтовска, автор на книгата.

- Имаме податоци дека храмот „Св. Вмч. Георгиј“ постои повеќе од 200 години и поради тоа дадовме еден поширок хронолошки просторен опфат во делото на улогата која што ја има христијанската црква во Брегалничкиот регион. Бидејќи станува збор за еден период од 200 годишно постоење а сакавме да опфатиме повеќе личности и научни факти и податоци, направивме еден избор кој што сметавме дека најдобро ќе ја прикаже нашата црква, рече Илинка Атанасова, автор на книгата.

- Оваа црква е веќе преполна со верен народ и на градот Кочани му требаат уште светилишта, пазатоа се надевам дека во најбрзо време заедно со нашиот градоначалник и со сите вас ќе ги доизградиме и осветиме новозапочнатите цркви едната посветена на Свето Благовештение а другата на Свето Преображение, рече г.Иларион, Митрополит Брегалнички.

Промоцијата на книгата и вечерната Богослужба на која присуствуваа голем број верници, беа придружувани од Црковниот хор од Радовиш, а настанот се случи во годината кога МПЦ – ОА го одбележува 50-годишниот јубилеј од возобновената автокефалност на Охридската архиепископија.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click