Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradonacalnici ipr21.11.2017  Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев во наредниот двегодишен период ќе биде претседател на Советот на градоначалници од Истокот.

Таква е одлуката од првата, конститутивна седница на Источниот плански регион, на која присуствуваа сите 11 градоначалници од општините од Регионот, како и заменик-министерот за локална самоуправа и претставниците од Центарот за развој на ИПР.

Присутните на состанокот дадоа едногласна поддршка на предлогот според кој е постигнат џентлменски договор меѓу градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и градоначалникот Илијев, претседателската позиција во првите две години да и припадне на Општина Кочани, а во следните две на Општина Штип.

Според Илијев, функцијата што ја добива е дополнителна обврска и одговорност пред сите граѓани од Истокот кои се надеваат дека конечно Регионот ќе излезе од ниското ниво на развој и ќе запре иселувањето на младите.

- Очекувањата на граѓаните од Истокот, како што веројатно е и во цела Македонија, се големи, затоа оттука и нашите обврски ќе бидат многу големи. Моите очекувања се за добра соработка со моите колеги, јас ќе бидам прв меѓу еднаквите кој ќе се бори за секој проект, за секоја идеја што ќе придонесе за подобар живот и подобар развој на Истокот, кој подолго време е запоставен. Веројатно ова ни е една од ретките, не сакам да кажам и последна шанса да направиме еден чекор повеќе, да се надминеме сите заедно и да направиме резултати и проекти со кои ќе успееме дел од луѓето кои останаа да ги задржиме, а да работиме и на можни варијанти за создавање на услови дел од нив кои ја напуштија оваа земја и регионот, да се вратат и да дадат придонес во развојот на државата, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

На конститутивната седница на Источниот плански регион заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески вети дека регионот ќе добие повеќе пари од државата за да може да го забрза својот развој.

- Министерството за локална самоуправа заедно со Бирото за рамномерен регионален развој за 2018 година ќе издвојат значително повеќе средства за рамномерен регионален развој, отприлика околу 6 милиони евра. Меѓутоа, во исто време сакам да посочам дека Владата на Република Македонија ќе работи напорно во наредниот период да ги алоцира средствата од сите министерства кои што ќе се издвојуваат за рамномерен регионален развој и по критериуми што ќе значат помагање на оние региони на кои навистина им треба најмногу помош, рече Дејан Павлески, заменик-министер за локална самоуправа.

Павлески додаде дека очекува наскоро да се достигне и предвидената сума според Законот за рамномерен регионален развој која треба да изнесува 1% од БДП, односно околу стотина милиони евра.

Според него, најголеми разлики во развојот има меѓу главниот град и другите региони во државата, но и меѓу урбаните градски и руралните селски средини, поради што апелираше до градоначалниците да внимаваат на тој проблем, за да се намали иселувањето на населението.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 68%
Ветер: Variable при 2 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок8°C/24°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 114 гости и нема членови


web counter



qr code