Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dimtrovi kikboks riem22.11.2017  Младите пингпонгари од клубот “Вин спин“ од Виница кои се натпреваруваат во пионерската лига на Македонија по трет пат станаа државни прваци.

Тоа беше повод градоначалникот на Ивица Димиторв за нив да приреди прием во својот кабинет и да им честита на успехот.

И покрај лошата финансиска состојба со општинскиот буџет, тој вети дека Локалната самопурава ќе го награди клубот со скромна помош од 30 илјади денари. Притоа нагласи дека и идната година е предвидено спортистите да добијат поддршка од Општината за што е неопходно да изготват програми за работа.

- Општина Виница ќе изнајдува средства за сите спортски клубови и притоа за сите што ќе се одобрат средствата ќе бидат навремено исплатени. Знаеме дека тие се соочуваат со проблем со финансиски средства и ние мораме да излеземе пресрет, пред се за младите спортисти кои и денес и во иднина ќе ни покажат дека резултатите доаѓаат со напорни тренинзи и со упорност на сите кои го сакаат спортот. За овој клуб, за наредната година планираат 50 илајди денари и мислам дека за “Вин спин“ тие средства ќе бидат неопходни, а доволни секако не, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Пингпонгарскиот клуб “Вин спин“ има добри услови за работа, но на средбата со градоначалникот спортистите нагласија дека имаат проблем со тренерскиот кадар, но очекуваат и тоа да се реши. Притоа се заблагодарија за поддршката од Општината и ветија дека ќе продолжат со успесите.

- Оваа година учествувавме на Државното екипно првенство и го освоивме првото место, мене ми е последна година во пионери до 15 години, од наредната година за пионери ќе настапуваат помладите членови. Лани бев државен првак во поединечна конкуренција, исто така три години веќе имаме ист резултат во државното екипно првенство, прво место. Понатаму планираме со тренинзи, колку можеме, очекуваме подобри резултати и надвор од Македонија, рече Леонид Гошев, член на ППК “Вин спин“ – Виница.

Градоначалникот Димитров ги прими и членовите на клубот за боречки вештини “Лидер“ од Виница кои достојно ја претставуваат општината на домашните и на меѓународните натпреварувања. Неодамна тие се вратија од Унгарија каде од вкупно пет натпреварувачи кои го претставуваа клубот, четворица освоија златни медали во кик бокс, а успех имаат и на домашната сцена.

- Еве, нашиот клуб се натпреварува во три боречки дисциплини - карате, ки бокс и кик боксинг санда. Оваа година можам да кажам дека имавме м успс, на Државното првенство имавме натпреварувачи кои освоија прво место, во моменот имаме тројца државни прваци од кои некои дури и двапати освоија прво место. Учествувавме на меѓународни турнири во Грција каде во дисциплината лоу кик зедовме четири први и едно второ место, на меѓународни турнири во Србија карате и кик бокс исто така први места и оваагодина, се на се, можам да кажам дека е многу успешна и за нашиот клуб, рече Дарко Гоцевски, тренер во клубот за боречки вештини “Лидер“ – Виница.

Членовите на клубот “Лидер“ на срердбата со градоначалникот нагласија дека очекуваат поддршка од Општината, со оглед што трошоците за учество на меѓународните турнири се многу високи. Исто така, се надеваат дека ќе добијат соодветен простор за тренинзи во објект што е под надлежност на Локалната самоуправа, бидејќи сега тренираат во училишна сала во период кога истата ја користат и други клубови.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

16°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 52%
Ветер: NNW при 15 kmh
Недела11°C/23°C
Понеделник14°C/23°C
Вторник13°C/25°C
Среда13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code