Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

LILjana micova22.11.2017  Победата на Кочани на државно првенство во пинг понг што во организација на Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ на Македонија се одржува секоја година, стана традиција.

Лиле Мицовска од Кочани повторно го освои првото место на државниот турнир во пинг понг што се одржа во Кавадарци а на кој учествуваа повеќе здруженија на телесни инвалиди од целата држава. Мицовска со години наназад постојано е прва во државата.

-И на овогодишниот турнир си го потврдуив успехот од ланската година, така што шампион сум во пинг понг со години наназад. Првата игра ја изгубив со Оливера Накова Бикова, меѓутоа се сретнавме во финале кога беше и доста интересно и јас успеав да ја победам и да освојам прво место. Имаше голема и силна конкуренција, јас немам многу време за подготовки, но ете сепак успеав, рече Лиле Мицовска, прво место во пинг понг.

Мицовска не застанува тука со амбициите. Сака да стане и пингпонгарски судија.

-Имам планови наскоро да полагам за пингпонгарски судија најпрво за државен а подоцна и за меѓународен, додаде Мицовска.

И не само во пинг понг, Мицовска е добра и во кулинарството така што учествува и на манифестацијата „Тортијада“ што традиционално секоја година се одржува во Струмица и за таа прилика Мицовска подготвува прекрасни специјалитети и торти и е меѓу најдобрите во државата со освоени први и втори места.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/20°C
Среда3°C/18°C
Четврток4°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 117 гости и нема членови


web counter



qr code