Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

socijalna prikazna tanjaa22.11.2017  Без елементарни услови за живот, во импровизирана барака во која живеат повеќе семејства во Ромското маало во Кочани, живее и седумчленото семејство Тасеви.

Децата се гладни, боси, необлечени. Родителите се невработени а живеат само од социјална помош од 2.700 денари, пари со кои неможат да купат ни храна за цел месец за децата, а за друго не станува ниту збор.

Таткото Владимир Тасев вели дека во текот на летниот период понекогаш се снаоѓа со цепење дрва да земе некој денар или помага во црквата па се снаоѓа барем да обезбеди храна за дечињата, а сега во текот на зимниот период децата нема што да облечат и се смрзнати бидејќи немаат ниту дрва ниту шпорет.

- Нашиот проблем е многу голем. Имаме пет деца, а едвај преживуваме бидејќи земаме само социјална помош од 2.700 денари. Други примања немаме. Децата се гладни и боси. Немаме ни шпорет, ни дрва, ни храна, ни облека, ни дом. Молиме до градоначалникот ако сака да ни помогне барем да ги нараниме децата, рече Владимир Тасев, татко на децата.

Тасев ги моли сите хумани граѓани и надлежните во општината ако можат да му помогнат за да може барем да има услови да им готви на гладните дечиња.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота2°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 125 гости и нема членови


web counter



qr code