Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulica izgradba23.11.2017  Локалната самоуправа на Кочани веќе ги планира трошоците за инфраструктурни и капитални зафати за наредната година.

Во делот за изградба и реконструкција на локалните патишта и улици се предивдува дека на Општината ќе и бидат потребни близу 30 милиони денари.

Во Програмата што беше усвоена и од страна на Советот, покрај редовното одржување на сообраќајниците, зацртано е да се направи доасфалтирање на улиците “Скопска“, “Петар Синадинов“, “555“ и два крака од “Вера Которка“, како и други помали улици со должина до 150 метри во Кочани.

За овие актиовности се планирани 11,5 милиони денари. Исто така, во планот е влезено и асфалтирањето на улиците “Карпошово востание“ и “АСНОМ“ во населбата Оризари, како и пробивањето и прочистувањето на ридско-планинските патишта и тампонирањето на улици, за што ќе се наменат 13,5 милиони денари. Останатите пари се за учество на Општината со свои средства во проекти за кои ќе се добијат донации.

Според градоначалникот Илијев, освен оние улици кои се влезени во Програмата, се размислува и за изградба на други, како што е спојувањето на “Генерал Апостолски“ и “Лазар Стоименов“ во Оризари со улицата “Енгелсова“ во Кочани или меѓу месното население позната како Пазарски пат.

- Тоа е една од најкритичните улици, за таа јас лично се заинтересирав и немаме проект. Задача на службите е што е можно побрзо да изготвиме проектна документација и ќе конкурираме веднаш во Министерството за транспорт и врски, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Од Светска Банка е одобрена донација од околу 4 милиони и 300 илјади денари за реализирање на улиците “Карпошпово востание“ и “АСНОМ“ во Оризари во населбата Оризари. Дополнително за оваа намена Општина Кочани треба да обезбеди околу 2 милиони денари. Во план е и финансирање на изградбата на улицат “Кресненско востание“, но под услов ако се обезбедат довболно пари во Буџетот.

Дополнително, преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделство и руралниот развој ќе се аплицира за средства за изградба на патишта до 1 км во руралните подрачја, за поврзување на селото Горно Гратче со Кочани, како и за изградба на пристапен пат до манастирот Добра Вода.         

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота2°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 127 гости и нема членови


web counter



qr code