Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

promocija kniga racin23.11.2017  Промоција на стрип книгата „Кочо Рацин - живот, песни и смрт“ се одржа во ЦК „Бели Мугри“ која што е во издание на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес.

Стрип книгата е дело на авторот Ване Трајков а ликовните илустрации ги подготвил Димитриј Михајловски. Промотор на книгата беше самиот автор кој што истакна дека книгата денеска ја доживува својата прва промоција.

- Далечната 1961 година во списанието за млади „Наш свет“ прв пат се појави за Кочо Рацин едно стрипче на две страници од доајенот на македонскиот стрип Миле Топус од Скопје. 50-тина години од таа година Стрип центарот на Македонија од Велес, благодарение на Министерството за култура ја направи стрип книгата во луксузно издание со тврди корици под наслов „Кочо Рацин – живот, песни и смрт“.

Ни требаа повеќе години додека ја подготвивме оваа книга бидејќи се работи за еден од највлијателните поети во историјата на македонскиот народ и ме радува што ЦК „Бели Мугри“ од Кочани ме поканија да ја промовираме за прв пат, рече Ване Трајков, автор на книгата.

Промоцијата на стрип книгата за Кочо Рацин е дел од одбележувањето на празникот 25 ноември и 78 годишнината од отпечатувањето на култните Рацинови „Бели мугри“.

- Секоја година в пресрет на празникот на нашата установа 25 ноември, книжевно издавачката дејност подготвува настан кој што е поврзан со Рацин и неговото творештво, рече Габриела Срефановска, ЦК „Бели Мугри“.

Тајната на стрипот е во едноставниот пристап во раскажувањето приказна преку слики, која ги плени луѓето од цел свет повеќе од сто години. Стрипот е приказна базирана на сценарио и раскажана преку цртежи – накратко филм на хартија. Поради големата популарност, стрипот како форма на културен израз се здоби со епитетот „деветта уметност“. Стрипот не излегува од тренд. Тој се уште е голем предизвик за многу писатели, уметници, драматурзи, сценаристи, карикатуристи, афористи заедно да создадат дело кое во себе вклучува повеќе културни вредности, беше речено на промоцијата.

Стрип книгата присутните имаа можност да си ја купат по намалена цена од вообичаената и се продаваше за 300 денари.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

16°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 52%
Ветер: NNW при 15 kmh
Недела11°C/23°C
Понеделник14°C/23°C
Вторник13°C/25°C
Среда13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code