Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

filter stanica mojanci24.11.2017  Одлично напредува изградбата на станицата за пречистување на отпадните води, лоцирана кај селото Мојанци, а која треба да ги третира фекалните води од Кочани и дел од населените места во општината.

Таква е оценката на претставниците од Амбасадата на Швајцарија кои по одржувањето на седницата на Управниот одбор на проектот, ја посетија локацијата каде веќе се видливи контурите на објектот што започна да се гради во јули.

Покрај претставниците од Швајцарскиот секретаријат за економски работи - СЕКО, имаше присутни и од Министерството за животна средина, како и од Општина Кочани. Притоа беше изразено задоволство од тоа како течат градежните работи.

- Се наоѓаме на градилиштето на пречистителната станица, очигледно е дека се уште не е завршшена, но полека таа расте и се надевам дека за максимум 2 години ќе биде ставена во функција. Тоа значи дека граѓаните од Кочани ќе бидат во можност да ја добијат услугата за пречистување на отпадната вода. Покрај тоа што сме многу задоволни од напредокот на градењето на станицата, што се одвива според планот, многу сме задоволни и од капацитетите на нашите партнери. Тоа се консултантите, градоначалниците, јавното претпријатие, така што претставуваме една комбинација на тим составен од швајцарски консултанти, но и од локални, кои заедно работат за општото добро на луѓето од овој регион, рече Франсоа Саламе, претставничка од Швајцарскиот секретартијат за економски работи – СЕКО.

Инаку, покрај станицата за пречистување на отпадните води, Швајцарскиот секретаријат за економски работи - СЕКО има уште неколку развојни проекти во Македонија за кои ја обезбедува финансиската поддршка. Сепак, проектот во Кочани е еден од најголемите, при што Владата на Швајцарија ќе инвестира 21 милион швајцарски франци, а дополнителни 2 милиони евра се обезбедени и од Буџетот на Република Македонија.

По завршувањето на изградбата, со станицата за пречистување ќе стопанисува КЈП “Водовод“ кое е партнер во проектот.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота11°C/23°C
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 140 гости и нема членови


web counter



qr code