Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstina kocani novo24.11.2017  Познати се имињата на 22 студенти кои во наредните десет месеци од студиската 2017/2018 година ќе добиваат месечна стипендија од по 2.500 денари што како поддршка во нивното образование ја доделува Општина Кочани.

Имињата на добитниците на стипендијата веќе се објавени на веб страницата на Општината: http://kocani.gov.mk/gragjani/sliki_ostanato/3c39a44a1617833b83bb4179856f661c.pdf

Според Комисијата за доделување стипендии, на распишаниот конкурс пристигнале 29 пријави, од кои седум биле оценети како неприфатливи. По разгледувањето на документацијата, констатирано е дека од вкупно пријавените, четворица кандидати не го исполниле критериумот за успех, еден кандидат не е студент во Република Македонија, еден се пријавил како запишан во прва година и еден во втор циклус на студии.

Останатите пријавени кои ги исполнувале сите критериуми и се избрани да ја добиваат финансиската поддршка се студенти кои студираат на факултетите на државните универзитети во Штип и Скопје. Всушност, тоа беше еден и од критериумите за учество на огласот. Најголем дел од нив се на медицинските и економските науки, како и на архитектура, градежништво, правни науки и други академски струки.

При изборот на кандидатите важна улога имал остварениот успех во текот на студирањето, како и дефицитарноста на кадри од одредени струки. Исто така, предвид се земани и материјалните можности на студентот и на неговото семејство. Еден од приоритетите бил и дали се работи за деца на самохрани родители или пак воопшто немаат семејство.

Сите добитници на стипендија задолжително треба да се жители на општината и да не повторувале година во текот на студирањето. Исто така, услов беше тие да не се корисници на стипендија, кредит или друг вид парична помош од други инсититуции или компании.

Студентите на кои им е доделена стипендија имаат обврска за практична работа во органите на Општината во траење од 15 дена за време на летниот распуст.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота1°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 115 гости и нема членови


web counter



qr code