Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rabotlnica ini24.11.2017  По завршувањето на шестмесечните истражувања во рамки на проектот “Партнерство за добро владеење“ чиј носител е Здружението на граѓани “ИНИ“ од Виница, во Штип беа презентирани добиените резултати.

Притоа на увид на јавноста се дава квалитетна база на податоци за 11-те општини од Источниот регион, при што се набљудувани состојбите во економијата, финансиите, стапката на невработеност, јавните набавки во општините, здравството и животната средина.

Податоците се добиени со официјални барања за пристап до информациите од јавен карактер, со анализа при пребарување на веб страниците, официјалните документи од Заводот за статистика, здравствените карти, известувањата за здравствената состојба и слично.

Сите тие податоци се ставени во дата база и со истражување и комбинирање може да се дојде до соодветни заклучоци.

- На пример, ние го анализиравме вкупниот број на јавните набавки 2013-2016 за сите општини во Источниот регион и нашето истаражување покажа дека Општина Македонска Каменица, за четиригодишен период има инвестирано највеќе пари по глава на жител, односно над 42 илјади денари, општина Карбинци е на второ место со 31 илјади денари, а на дното се Виница со 5.677 денари по жител и Зрновци со 8.500 денари по глава на жител, рече Тодор Цонев, претседател на Здружениеот “ИНИ“ – Виница.

Истражувањата на проектот покажале и дека во Источниот плански регион има вкупно 443 лекари, односно просекот е 2,5 лекари на 1000 жители, а за да се достигне европскиот просек кој изнесува 3,4 лекари на 1000 жители, на Истокот му требаат уште 190 лекари.

Освен овие, има и други интересни податоци, а целта на проектот е да зајакне концептот на отворени и јавно достапни податоци за медиумите, граѓанските здруженија и стручната јавност, за да можат да ги користат во своето работење.

Проект е финансиран од ЕУ, со помош на грант доделен преку проектот “Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, што го спроведуваат Центарот за граѓански организации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота2°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 115 гости и нема членови


web counter



qr code