Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

romi rabotilnica24.11.2017  Зајакнување на жените Ромки и девојки преку дискусии да говорат за чувствителни табу теми, како што е сексуалното и репродуктивното здравје, права и пристап до превентивна и здравствена заштита, но истовремено да се повикаат на отчетност и одговорност релевантните институции и креатори на политиките кои се донесени во врска со жените Ромки во последните две години, е целта на проектот „Унапредување на достапноста до здравствена заштита на жените Ромки“ под мотото „Ајде да зборуваме-моето здравје е мое право“ за чија што промоција е направено креативно видео, со цел да се зголеми информираноста на сите оние кои имаат прашања во врска со сексуалното и репродуктивното здравје.

Ова видео денеска беше презентирано и пред жените и девојки Ромки од Кочани.

Целта е зајакнување со знаење и информација оние на кои најмногу им треба помош, најзагрозените и најранливите, тие кои што не знаат кај да се обратат, немаат можност да платат, или мислат дека ќе бидат обележани заради тоа што сексуалнотото и репродуктивното здравје е табу тема во општеството. Проектот го спроведува Националниот Ромски Центар од Куманово.

- Искористеноста на превентивните услуги е на незадоволително ниво зтоа што немаме доволна промоција и информација. Искуството со работа со жените Ромки за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје укажува дека ова сеуште е табу тема и токму за тоа е и нашето кратко видео да можат да се опуштат луѓето и да ги бараат своите права и здравствени услуги кои што ги следуваат според закон, и секако да се намали доеничката смртност и сексуално преносливите инфекции, рече Сабихана Скендеровска, координатор на програмата во НРЦ.

Националниот ромски центар (НРЦ) од Куманово во рамките на здравствената програма повеќе од една декада го има искуството и праксата да работи со Ромската заедница. Она што може да се забележи на терен е дека се уште има потреба од зајакнување и подигнување на свеста за основните здравствени права помеѓу жените и девојките Ромки.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 69 гости и нема членови


web counter



qr code