Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

oriz nivi224.11.2017  Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во соработка со фирмата „Скопски легури“ од Скопје поставија демонстративен опит со „Тераграмин“ на оризово поле кај селото Чифлик.

Опитот беше поставен на површина од еден декар и до неа споредбена површина без аплициран „Тераграмин“. Целта беше да се види влијанието на овој минерален подобрувач врз структурата на почвата и растот на растенијата.

По првичната посета на поставување на опитот стручни лица од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството констатираа дека е има забележливи резултати од аплицирањето на производот. Синоќа во Чешиново беа презентирани резултатите од аплицирањето на „Тераграмин“.

 

- При првата контрола беше забележано дека оризот на третираната површина со „тераграмин“ побрзо и порамномерно проникна во однос на нетретираната. Исто така забележавме и намалена појава на плевели но и тоа дека водата во третираната парцела беше загреана односно потопла во однос на другата. При втората направена контрола забележливо беше поголем раст на оризот, имаше побујна маса, стеблото беше постабилно и поцврсто и на мој обид да го прекршам механички со отпр тоа не се кршеше. Кај нетретираните површини со „Тераграмин“ и покрај интевенциите од сопственикот и прихранување за побрз раст сепак имаше забавен раст и развој на оризот и неуништени плевели, рече Мирослав Васовиќ, претставник од „Скопски легури“.

-Мене најголем впечаток ми остави намалената појава на плевели и цврстината на самите растенија и немаше никаква потреба од употреба на прихрана со што имаме и заштедување, а имаме и зголемен принос што ни укажува дека треба да се заинтересираме за овој производ и да го пробаме, рече Валентин Захариев, советник по полјоделство.

Инаку, „Тераграминот“ позитивно влијае врз физичко - механичките и водно – физичките својства на почвата, ја подобрува нејзнината структура т.е водниот воздушиот и тополотнот режим на почвата, ја прави лесно растресита со што станува полесна и поекономична за обработка. Со својата хидроскопност впива голема количина на влага која што постепено ја испушта, а со тоа ја одржува влажноста на почвата подолго време. Инаку, овој производ се користи не само во оризопроизводството туку и кај сите земјоделски култури каде што неговата примена придонесува побрзо ртење на семето, поразвиен коренов систем, пиоголем број листови и подобра развиеност на расадот.

Т. Велкова

    

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

16°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 52%
Ветер: NNW при 15 kmh
Недела11°C/23°C
Понеделник14°C/23°C
Вторник13°C/25°C
Среда13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 69 гости и нема членови


web counter



qr code