Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

izvidnici mars ratkova skala27.11.2017  Пред крајот на оваа сезона извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани ги привршува своите активности на терен што беа најавувани како „Извиднича офанзива“.

Членовите на Одредот ги искористија поволните временски услови во последниот ноемвриски викенд и организираа извиднички марш до месноста „Раткова Скала“.

На маршот учествуваа 30 извидници од кои најголем дел беа ученици на возраст од 13 до 16 години. Со превоз што го обезбеди Локалната самоуправа на Општина Кочани, извидниците најпрвин беа префрлени до планинскиот центар Пониква, од каде кон зацртаната цел се упатија пеш.

Рутата беше во должина од 12 км при што во просек имаше околу 4 часа активно пешачење.

Од извидничкиот одред потенцираат дека претходно планираниот правец на патеката до Раткова Скала морал да биде корегиран и пешачењетро да се пренасочи во друг правец, со оглед што во близина на самиот локалитет имаше ловци на диви свињи. Поради тоа старешините на одредот не сакале да ризикуваат кога се работи за безбедноста на децата. Сепак, успешно стигнале до целта каде во прекрасни временски услови и добро расположение имале можност да се запознаат со природните убавини на Осоговијата.

Во текот на зимскиот ериод извидниците од “Ластовица“ ќе продолжат со активности, пред се теоретска обука и изучување на извидничките вештини за спасување, ориентација и преживување во природа, што ќе се изведува во затворен простор.

Т. Ајтовски

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code