X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sasa kamenica 201727.11.2017  Последното есенско, 14-то коло во првенството на Втората фудбалска лига – исток, не донесе резултатска добивка за екипата на “Осогово“ која викендов гостуваше во Македонска Каменица против “Саса“.

Домаќините победија со 2:0 и ја остварија главната цел - да ги освојат бодовите и да се одлепат од дното на табелата. Гостите од Кочани пак, иако не прикажаа толку слаба игра и имаа неколку шанси пред противничкиот гол, сепак на крајот со наведнати глави го напуштија теренот.

Првиот посериозен удар, што можеше да им донесе водство, го имаа уште на самиот почеток од натпреварот, но топката заврши во пречката, по што дојде казната.

Во 35 минута домашниот играч Златковски го донесе водството за “Саса“, а до крајот на полувремето имаше уште неколку шанси за погодок на двете страни. Посебно за одбележување е што неколку минути пред да се отиде на пауза, “жолто-сините“ имаа стопроцентна прилика да го изедначат резултатот, но не успеаа од само два метри да го погодат празниот гол на домаќините.

Во текот на целото второ полувреме пак, играта главно се одвиваше на средината на теренот, иако домаќините имаа неколку можности да го зголемат водството. Тоа им успеа во 85 минута кога домашниот напаѓач Паунов со соло продор и прецизен удар во горниот десен агол на голот на “Осогово“ го постави конечниот резултат - 2:0 за “Саса“.

Со десеттиот пораз кочанскиот второлигаш на крајот од есенскиот дел на првенството останува на последното место на табелата со само 8 бода, а есенски шампион е “Беласица“. Продолжението во пролетниот дел е закажано за 3 март, а “Осогово“ ќе биде слободно.

Во неделата се одигра и 9-то коло од првенството на Првата фудбалска лига во женска конкуренција. Како што се очекуваше, ЖФК “Кочани“ имаше тешко гостување во Велес против тимот на “Борец“ и загуби со 5:1. Велешанки потврдија дека сезонава играат одлично и како домаќинки и во гости, па со новите три бода и подобрата гол-разлика од екипите на “Атлетико“ и “Истатов“ го задржаа третото место на табелата. Кочанскиот прволигашки тим пак, со досегашните 10 бода се наоѓа на 7 позиција, но и таквата ситуација може да биде само привремена, со оглед што и во следното 10 коло ќе игра во гости против “Топ гол“ од Битола, екипа која има само еден бод помалку и е едно место подолу.

Во Третата кошаркарска лига се одигра 6 коло во кое “Баскет Дино“ на домашен терен ја победи екипата на “Дамвер“ од Гостивар со резултат 94:71. Момчињата на тренерот Сашо Лазаров релативно лесно дојдоа бодовите, со оглед што гостиварци немаат ниту една победа во овогодишното првенство и се на последното место. Во текот на трите четвртини имаа предност од петнаесетина коша, а само во последната четвртина попуштија во нападите и им дозволија на гостите да ја добијат со еден поен, што сепак не влијаеше на крајниот резултат.

Со 10 бода “Баскет Дино“ го дели третото место со тимот на “Пинк Пантери“, а во следното коло ќе гостува во Неготино против екипата на “Спорт тим“, која во моментот е второпласирана.

По тринеделан пауза, во неделата се одигра 7 коло од Првата пингпонгарска лига, во кое екипата на “Кочани“ се сретна со “Студент“ од Скопје. Нашите пингпонгари беа подобри и победија со 4:0, со што по завршувањето на првиот дел од првенството го делат второто место на табелата со битолските екипи “Мултитекс“ и “Пелистер“.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 17 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
Четврток-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 95 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click