Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

borka vinica27.11.2017  На Европската “црна листа” по смртност од рак на дојка, Македонија е на прво место,од земјите каде што умираат најголем број од пациентите кои заболеле од оваа болест.

Оваа информација е застрашувачка ако се земе предвид дека во повеќето европски земји болеста успешно се лекува.

Ова се дел од најфрапантните заклучоци од 10. Национална конференција посветена на ракот на дојка, во организација на Здружението за борба против рак “Борка- за секој нов ден”, а кои што ги изнесоа еминентни професори и лекари од Европа, повикувајќи се на истражувањата и податоците на Светската здравствена организација.

За да се постигне напредок во лекување на оваа болест во земјава, која за жал е прва по смртност во Европа треба да се запазат важните параметри: едукација на луѓето и на лекарите, посветени средства на сите видови на нега, пристап до иновации и истражување.

Овие пораки ги упатија и членките на “Борка“ кои во Виница одбележаа 10 години јубилеј во организација на Макпрогрес и Александар парк, а во координација со нивниот претставник од Виница, Снежана Секуловска.

- Треба да го цениме секој миг од животот оти е еден и неповторлив, затоа денес сме собрани овде и заедно како во битките да го славиме и животот“. 1150 заболени годишно, но јас велам дека повеќе ги има, нашите здравствени установи уште немаат регистар, ова болест е чума на денешницата, но ракот не е страшна болест ако се фати во ран стадиум, и ако навреме се ангажираат сите во целосна подршка на пациентот, вклучувајќи ја и фамилијата. Но она што можам да констатирам, а воедно и да апелирам, е дека кај нас се купија апарати, но не се обучи доволно кадар, и не секој знае да ги прочита резултатите, се повеќе жени доаѓаат со погрешни дијагнози. рече Снежана Секуловска, здружение „Борка“.

Деценискиот јубилеј беше заокружен со богата лотарија поддржана од повеќе приватни фирми од Кочани и Виница, а средствата од истата беа уплатени на жиро сметката на Здружението “Борка“.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота1°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 122 гости и нема членови


web counter



qr code