Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

etno zena527.11.2017  Жените од Кочани се хумани. Тоа го покажаа на манифестацијата “Етно вешта жена“ што по петти пат се организираше во Кочани.

Припадничките на понежниот пол кои сами се пријавија за да ја покажат својата хуманост, подготвија разни кулинарски специјалитети што беа изложени на свечено украсена трпеза.

Јадењето беше подготвено во етно стил. Од разни сукани баници, јадења од ориз до благи и солени етно специјалитети, баклави и алва. Традиционалните јадења беа на продажба. Хуманоста се покажа на дело оти се што беше подготвено беше и продадено.

Од годинава манифестацијата доби и регионален карактер. Учествуваа жени од Кочани, Виница и Македонска Каменица, а новитет од годинава е што учествуваат и деца кои што правеа изработки од пластелин.

- “Етно вешта жена“ има хуманитарен карактер и секогаш сме за поддршка на лицата на кои најмногу им е потребна помош. Годинава ги вклучуваме и децата со цел да изработуваат разни форми од пластелин, а да се оттргнат од комјутерите. Преку манифестацијата и ги наградуваме, рече Снежана Стојановска, организатор на “Етно вешта жена“.

Инаку, манифестацијата се одржува во 15 градови од Републикава од каде што ќе се изберат по пет јадења кои потоа ќе бидат објавени во заедничка брошура со стари традиционални рецепти.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/13°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code