Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sou vanco prke vinica128.11.2017  На последниот Еко самит во Скопје, СОУ “Ванчо Прќе“, Виница, застана рамо до рамо со зелените училишта во Македонија и во регионот.

По третпат го доби високото признание за Еко училиште добивајќи го статусот “Зелено Знаме“од страна на МОН и невладината организациоја ОХО, како потврда за максималната реализација на проектот “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Овие квалификации се потврда на почитувањето и имплементирањето на четирите еко-стандарди прилагодени со наставната програма за средно образование, како и континуираното учество во многу еколошки акции како “Македонија без отпад“ и “Засади дрво за мир“.

Училиштето учествуваше и на конкурсите “Млади репортери за животна средина“, “Еко модна ревија“ и многу други проекти за унапредување на здравјето, подобрување на хигиената, кампањи за заштеда на вода, енергија, собирни акции и сл.

Придобивките од еко-програмата се евидентни, зголемена е одговорноста и свесноста за здрава еколошка средина и позитивна клима во училиштето, зголемена е мотивираноста и вклученоста на учениците и вработените за еколошките активности, а остварени се и финансиски заштеди. Се очекува и во наредната година да се реализираат покрупни еко проекти.

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 89 гости и нема членови


web counter



qr code