29.11.2017 Пријава од полицијата ќе добие 33-годишен жител на Кочани затоа што се однесувал непристојно и насилно кон полициска службеничка која се наоѓала на работна задача.
Притоа, не е наведена причината за таквата постапка на лицето, поради која Полицијата била принудена да го приведе.
Според официјалното известување од Секторот за внатрешни работи, во вторникот околу 13,55 часот, во централното градско подрачје на улицата “ВМРО, во близина на локацијата „Триаголник“, полициска службеничка при вршење работи од областа на безбедноста била физички нападната од 33-годишниот Г.Ј. од Кочани.
Притоа, тој прво почнал да ја навредува и омаловажува, а потоа ја турнал, од што таа се здобила со телесна повреда. Со помош од колеги на полицајката, лицето било приведено на информативен разговор во Полициска станица во Кочани.
Поради насилничкото однесување од Полицијата велат дека против кочанецот ќе биде поднесена соодветна пријава Јавното обвинителство.
Т. Ајтовски