Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

poribuvanjwe noemvri201729.11.2017  Доброто работење на риболовното здружение од Кочани и активностите што се спроведуваат за порибување на акумулацијата “Гратче“ добива поддршка и од бизнис секторот во Кочани.

Со финансиска помош што ја добија неодамна, членовите на здружението “Кочански рибар“ реализираа уште едно порибување на Браната, откако ја презедоа концесијата за неа. Тоа овозможи да ја исполнат целта за збогатување на рибниот фонд со што и езерото заживува, привлекувајќи се повеќе вљубеници во риболовот.

Ова порибување, што е последно за тековната година, беше реализирано со помлади парчиња крап, набавени од специјализирано мрестилиште во Неготино.

- Количината е, колку што е измерено, 165 килограми, приближно околу илјада парчиња, со 250-300 грама тежина на крап, рече Димитар Димитров, претседател на спортско риболовното здружение “Кочански рибар“.

Според Димитров, во текот на зимскиот период ќе се води сметка за зачувување на рибниот фонд со повремено прихранување и контроли на почитувањето на законските одредби за риболов. Притоа ги потсети риболовците дека не смеат да се изловуваат примероци со тежина над 5 килограми, односно истите треба да се враќаат во езереото.

Со ова порибување, за кое Здружението доби финансиска поддршка, целосно се исполнува програмата за работа за годинава.

- Ова ни е веќе четврто прибување, можеме да се пофалиме, иако секогаш фалбата е рѓа, но кај нас е обратно, дека помина една година, а веќе е пуштен еден тон риба во самата акумулација. Во ова порибување доста ни помогна и Ратко Димитровски, со што му искажуваме една благодарност од нашето риболовно здружение за придонесот во ова порибување, додаде Димитров.

Вообичаената динамика за збогатување и заштита на рибниот фонд ќе продолжи и во текот на наредната година, за што ќе биде изготвен соодветен план.

Членовите на СРЗ “Кочански рибар“ велат дека следното порибување со крап ќе го реализраат во текот на март, пред почетокот на сезоната за мрестење на рибата. Притоа, планирано е да се набават покрупни парчиња крап, за да се зголеми бројноста на рибите капиталци.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/13°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 106 гости и нема членови


web counter



qr code