Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

obikolnica330.11.2017  Рехабилитацијата на асфалтот на обиколницата околу Кочани, како дел од магистралниот пат А3, влезе во програмата на Министерството за транспорт и врски за реконструкција на поголем број патни правци во државата.

Освен оваа делница, уште четири патни правци во источниот регион се предвидени за поправка, на местата што се сметаат за најкритични. Меѓу нив е и регионалниот пат Р1304 од Виница до Берово во должина од 7 километри.

Според информациите од ресорното министерство, од идната година ќе стартува нов инвестициски циклус за реконструкција на патните правци за кои се обезбедени пари преку Светска банка и другите меѓународни финансиски институции.

- Во наредниот период фокус ќе ставиме на 26 патни правци, дел автопати, поголем дел регионални патишта со вкупна должина преку 420 километри и инвестиција од над 86 милиони евра и тоа: реконструкција на обиколницата Кочани, должина од 7 км, проценета вредност од 2 милиони евра, реконструкција на патен правец Пробиштип – Крупиште, должина 18 км, проценета вредност 6 милиони евра, реконструкција на патен правец Македонска Каменица-Саса, должина 10 км, проценета вредност 1,5 милиони евра, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Дополнително, во наредните неколку месеци треба да се изработи техничка документација за реконструкција, по што ќе започнат и градежни работи, на  делницата од Делчево кон граничниот премин со Бугарија во должина од 5 километри и од Делечево до Пехчево во должина од 15 километри.

Што се однесува до обиколницата околу Кочани што беше завршена на почетокот на 90-те години, до сега на неа немаше никаква градежна интервенција, а асфалтот на повеќе места е распукнат и има нерамнини поради што возењето е небезбедно. Освен тоа, неопходна е замена и на сообраќајната сигнализација која е нефункционална и непрегледна. 

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/13°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code