Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ou-koco-racin-selo-blatec30.11.2017  Нови кадровски промени се направени на раководните позиции во основните училишта во општина Виница со кои директоруваа досегашните раководители.

Со одлука на градоначалникот Ивица Димитров, на местото на актуелниот директор на ОУ “Кочо Рацин“ во Блатец, Ванчо Михајлов, за в.д. директор назначена е Снежана Арсова.

Инаку, Михајлов во два манадати со ова училиште раководеше во изминатите 8 години, додека Арсова на директорското место доаѓа како повеќегодишен наставник по одделенска настава во истата образовна установа.

Во ОУ “Никола Парапунов“ од Драгобраште нов в.д. директор е Мијалчо Пешов, кој претходно беше наставник по руски јазик. Тој доаѓа на местото на досегашниот раководител на училиштето, Дејан Михајлов, кој повеќе од пет години беше на оваа функција.

Со оглед што се уште не е комплетирана промената на раководствата во инситутициите што се под надлежност на Локалната самоуправа на Виница, се најавува дека тоа најверојатно ќе се случи идната недела.

По промената на директорите на двете основни училишта во градот и на ЈКП “Солидарност“, градоначалникот Димитров најави кадровски смени и во раководството на градинката и на Гимназијата “Ванчо Прке“. 

T. Ajтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/13°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 109 гости и нема членови


web counter



qr code