Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

voda casa cesma01.12.2017  Наместо повисока, граѓаните на Кочани и Виница ќе плаќаат пониска тарифа за водата за пиење од онаа што ја бараа комуналните претпријатија во двете општини.

Според решението на Регулаторната комисија за енергетика, не се прифатени барањата на КЈП “Водовод“ и на ЈКП “Солидарност“ за покачување на цените на услугите за периодот од 2018 до 2020 година.

Во известувањето стои дека утврдените тарифи од страна на Регулаторната комисија за енергетика, се во согласност Методологијата се просечни тарифи, што значи дека давателите на водни услуги, во утврдените рамки, сами ќе ја определат висината на тарифите за домаќинствата и останатите корисници.

Во решението на Регулаторна стои дека КЈП “Водовод“ побарало минималните просечни тарифи за снабдување со вода за пиење и за собирање и одведување на урбани отпадни води за 2018 година да се зголемат во просек за 2,96% од постојните тарифи. Комисијата пак, одлучила минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги да се намалат за 24,24% во однос на постојното ниво. Сепак, по завршувањето на изградбата на пречистителната станица, за отпадни води, што се очекува да заврши во 2018 година, “Водовод“ ќе може да наплатува и тарифа за услугата прочистување на отпадни води. И овде не поминал предлогот на комуналното претпријатие кое побарало минималната просечна тарифа за оваа услуга да изнесува 17,67 денари за метар кубен. Со решението на Регујлаторната комисија минималната просечна тарифа за услугата е утврдена да изнесува 12,21 денари за метар кубен.

Кај ЈКП “Солидарност“ од Виница пак, минималните просечни тарифи за снабдување со вода за пиење и собирање и одведување на урбани отпадни води за 2018 година биле поголеми во просек за 30,38% од постојните тарифи. Со решението на Регулаторна минималните просечни одобрени тарифи за двете услуги се намалуваат за 1,28% во однос на постојните.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/13°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 112 гости и нема членови


web counter



qr code