Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

reka bregalnica01.12.2017  Интензивните врнежи од дожд во итекот на денот и топењето на снегот на планинските врвови не предизвика значајно покачување на реките во регионот, поради што водостојот се оценува како стабилен и во рамки на нормалата за овој период од годината.

Во текот на претпладнето Регионалниот штаб за управување со кризи одржал редовен состанок на кој присуствувале претставници од Центарот за управување со кризи, од Дирекцијата за заштита и спасување, од Одделението за одбрана, од Полициската станица, од Водостопанската подружница, претставници од Општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, од Здравстевниот дом и од Црвениот крст.

Притоа била разгледувана состојбата со акумулациите, реките и одводните канали, и потенцијалната опасност од поплави, акко и подготвеноста на надлежните да реагираат во вонредна ситуација.

Заклучено е дека состојбата е во рамки на нормалата и нема опасности од поголеми инциденти. Исто така, се разговарало и за зимското одржување на сообраќајниците, при што претставниците од “Македонија пат“ информирале дека се набавени потребните количини сол и песок за посипување на коловозите на магистралниот и на регионалните патни правци.

- Врнежите во текот на ноќта ќе се пренесат утре кон Истокот, утре наутро повеќе врнежи од дожд ќе има на источната страна од земјата, а полека врнежите ќе се повлекуваат. Веќе од понеделник ќе имаме постудено време, наутро темперартурата на се поголем број мерни места ќе биде под нулата, рече Борис Секирарски од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од водостопанската подружница “Брегалница“ пак, рекоа дека водостојот на сите реки во регионот е во рамки на нормалатавообичаеното, а постојано се следи дотокот во акумулациите. Во текот на денот просечно во браната Калиманци се влевале по околу 3,3 метри кубни вода во секунда, што се смета за многу мала количина, односно на ниво како што е во најсушните периоди.

Слична е состојбата и во акумулацијата Гратче, со оглед што и Мала и Голема Река се со низок водостој, а под вообичаените количини за овој период е и Оризарска Река. Според последните мерења во браната Калиманци до денеска има акумулирано само околу 22,5 милиони метри кубни вода, додека Гратче е со половина капацитет.

T. Ajтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/13°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code