Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

istocen planski region01.12.2017  Само две од вкупно 11 општини што се дел од Источниот плански регион ги имаат платено своите обврски кон Ценатрот за развој на регионот.

Доколку останатите навреме не ги покријат долговите што ги имаат, тоа може негативно да се одрази при обезбедувањето финансиски грантови за проектите што веќе ги планираат за наредниот период.

Карактеристично е дека обврските ги подмириле руралните општини кои имаат и пониски приходи на буџетските сметки.

- Единствени општини кои го имаат измирено долгот за 2017 година се најмалите општини, тоа се Општина Зрновци и Општина Чешиново-Облешево. Општина Кочани, исто така го има измирено долгот заклучно со третиот квартал, останува уште последниот квартал да се измири, а Општина Штип има измирено дел од долгот за првото полугодие од 2017 година, Општина Виница исто така за првото полугодие, а останатите општини воопшто го немаат измирено долгот спрема Центарот за развој на Источниот плански регион, рече Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој на Источен плански регион.

Здравева вели дека Центарот за развој на Источниот регион може само да достави ургенции до општините да си ги платат обврските, со оглед што договорот за финансирање на нивните проекти тие го потпишале со Министерството за локална самоуправа.

Сегашните непокриени долгови можат сериозно да го загрозат работењето на Центарот и неговата финансиска стабилност, со оглед што општините Берово, Македонска Каменица, Пехчево и Делчево имаат неплатени обврски и од 2016 година, па и порано.

- Општина која веќе со години не ги измирува обврските спрема Центарот и нормално, се создаваше реакција зошто да не се аплицираат проекти за општина Делчево, е токму Општина Делчево која што должи од 2013 година за второто полугодие, и 2014, 2015, 2016 и 2017 нема платено ниту денар што е долг од околу 800 илјади денари. Кога ќе дојде редот за кофинансисрање од страна на општините, овде веќе наидуваме на проблем, најголем проблем во моментот е Општина Пробиштип. Тоа е проектот што го реализиравме со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, инфраструктурен проект, го изградивме мостот на Бунеш, меѓутоа за жал кофинансирањето од околу 1 милион и 670 илјади денари веќе втора година Пробишти го нема платено, додава Здравева.

Новите градоначалници на Делчево и Пробиштип ветиле дека постепено ќе отплаќаат дел од обврските за да можат и овие две општини рамноправно да се вклучат во аплицирање за поддршка на други проекти од инфраструктурата.

Инаку, вкупните долгови на сите општини кон Центарот за развој на регионот во моментот изнесуваат околу 5 милиони денари.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/13°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 104 гости и нема членови


web counter



qr code