Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ucilisen pribor01.12.2017   ОУ „Малина Попиванова“ го одбележа 3 Декември - Денот на лицата со посебни потреби. Претставници од Локалната самоуправа на Општина Кочани не ги заборавија децата од паралелката со посебни потреби.

Ги посетија  и ги израдуваа со подароци и училишен прибор. Училиштето за оваа пригода распиша литературен конкурс на ниво на општина на тема „Љубовта како хумана порака кон луѓето“.

- Во пресрет на 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби организиравме работилница насловена „Љубовта како хумана порака кон луѓето“. Во работилницата учествуваат децата со посебни образовни потреби и учениците од училиштат заедница. Учениците подготвија пораки со убави мисли кои што се наменети за учениицте со посебни потреби. Орагнизиравме и ликовна изложба и литературен конкурс. Сакам да напоменат дека во текот на вчерашниот ден еден наш ученик од посебната паралелка учествуваше на ликовна колонија во Велес, рече Бети Чапевска, дефектолог.

Учениците од училишната заедница од училиштето изработија честитки кои што ги доделија на учениците со посебни потреби. Учениците пак од оваа паралелка заедно со дефектолозите кои работат со нив направија интересни изработки и цртежи кои беа изложени во училиштето. Општината како и секоја година им додели училишен прибор.

- Како и секоја година и оваа доделивме училишен прибор на овие ученици но мојата порака е дека не треба само на 3 декември да се сеќаваме на овие деца туку ние сме им потребни постојано, рече Аника Илијевска Ѓорѓиева, одделение за јавни дејности.

Во моментов паралелката со посебни потреби во ОУ „Малина Попиванова“ брои 14 ученици распоредени во одделенска и предметна настава. Со нив работат двајца дефектолози вклучени во редовната настава и еден стручен соработник. На учениците чии што творби беа изберени за најдобри добија благодарници, а благодарница доби и Општина Кочани за долгогодишната соработка со училиштето.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/13°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code